Јужноафриканскиот атлетичар Вејд Ван Никерк кој на Светското првенство во Пекинг го освои златниот медал на 400 метри, недолго по сензационалната победа заврши в болница откако колабирал на стадионот „Птичје гнездо“, пренесе Макфакс.
Ван Никерк на трката на 400 метри го победи Американецот Лешон Мерит, тој триумфираше со резултат 43,48 секунди што е четврто најдобро време на сите времиња зад Мајкл Џонсон (43,18), Хари Рејнолдс (43,29) и Џереми Воринер (43,45).
Водачот на јужноамериканскиот тим Пете Лауренс рекол дека Ван Никерк е во ред и дека тој поради премореност бил преврлен в болница на рутински испитувања