Чешката атлетичарка Зузана Хејнова го освои златниот медал на трката на 400 метри со пречки на Светското првенство во Пекинг.
Таа до победата стигна со време од 53,50 секунди или 44 стотинки подобро од второпласираната Шамијер Мала (53,94) од САД.
Третото место и бронзениот медал се за Американката Касандра Тејт која истрча со врме 54,02 секунди.
Се одржа и финалето на трката 3.000 метри стиплчес. Победи Хивин Кијенг Џепкемои од Кенија со време 9:19,11, пред Хабиба Гриби (Тунис) која беше 13 стотинки побавна од победничката, Геса Краузе (Германија) го освои бронзениот медал 9:19,25.
Медалистки во дисциплината скок со стап се:
Јарислеј Силва (Куба) – злато со скок 4.90 метри,
Фабијана Мурер (Бразил) – сребро 4.85
Николета Кирјакополу (Грција) – бронза 4.85.