Властите во Индонезија, во обид да обезбедат целосна регистрација на странски државјани кои во оваа 256 милионска држава престојуваат како новинари, филмски работници и советници на невладините организации, воведоа обврска за нивна регистрација. Странците ќе имаат обврска документот за идентификација да го носат постојано со себе и да се легитимираат пред службените лица.
Построгата контрола на странците е воведена по предлог на Тимот за координација на странците што привремено претстојуваат во Индонезија. Овој тим, во најголем дел, е составен од припадници на државната разузнавачка служба, која заклучила дека голем број странци во Индонезија со обична туристичка виза работат како известувачи за странски медиуми, а десетици филмски екипи само годинава биле регистрирани како снимаат во внатрешноста на државата, без да побараат дозвола за тоа.
Мерката ќе ги погоди и странците, активисти во невладините организации.Се претпоставува дека најмногу се работи за такви лица кои меѓу Индонежаните го пропагираат радикалниот ислам.