Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ги оквалификува како воени злосторства уривањето на древен храм и убиството на археолог во сирискиот град Палмира од страна на Исламска држава.
Тој повика меѓународната заедница да се обедини и да се стави крај на постоењето на ИД.
Генералниот секретар на ОН нагласи дека намерното уништување на културното наследство е воено злосторство и виновниците треба да бидат изведени пред суд.