Бројот на загинати во експлозиите во индустриски објект во кинескиот пристанишен град Тјанцин достигна 129 лица, јавија кинеските државни медиуми.
Според локалните власти во неизвесност се уште се 44 лица, а 610 остануваат во болница, од кои 39 се во критична состојба.
Експлозиите во магацин за хемиски материи на 12 август предизвика големи пожари. Кинеските власти најавија темелна истрага за причините за несреќата. Досега се задржани десетина службеници во компанијата „Жухаи“, која управувала со магацинот.
Во магацинот се наоѓале околу 700 тони натриум цијанид, што е силен токсичен материјал, како и илјадници тони други опасни хемикалии. Во регионот на пожарот се преземаат операции за расчистување, со цел да се спречи загадување на животната средина.