Единствениот македонски натпреврувач на светското првенство во атлетика во Пекинг, Ристе Пандев го заврши својот настап во квалификациите со време 11.31 секунди.
Во 5-та квалификациска група во која беше Пандев немаше Јамајчани и Американци, победи Џими Вико од Франција со 9.93 секунди.
Пандев во утринската сесија во прелиминарната фаза имаше време од 10.94 секунди.
Најдобар резултат на нашиот атлетичар е 10.61 секунди поставен пред две години во Правец.