Првиот натпревар од второто коло од Бундес лигата одигран синоќа меѓу Херта и Вердер заврши без победник 1:1. Валентин Штокер ја донесе Херта во водство во 6.минута, а дваесет минути подоцна изедначи Ентони Ујах. Херта со освоениот бод има вкупно 4, додека екипата на Вердер го освои првиот бод во новата сезона.
Денеска се играат уште шест натпревари од оваа рунда: Ајнтрахт – Аугсбург, Хановер – Баер Леверкузен, Хофенхајм – Баерн, Келн – Волфсбург, Шалке – Драмштат и Хамбургер – Штутгарт.
Во недела се играат дуелите: Инглоштат – Борусија Дортмунд и Борусија Менхенгладбах – Мајнц.