Шампионот на Франција екипата на ПСЖ ја постигна и третата победа на исто толку одиграни натпревари во шампионатот. Синоќа ПСЖ на гостувањето кај Монпеље славеше со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Блесе Матуиди во 61.минута.
Денеска се играат шест дуели од 3.коло: Олимпик Лион – Рен, Бастија – Генгамп, Ајачио – Анже, Нант – Ремс, Ница – Каен и Тулуз – Монако. Утре на програмата се натпреварите: Лил – Бордо, Лориен – Сент Етиен и Олимпик Марсеј – Троа.
ПСЖ со максимални 9 бодови е лидер на табелата.