Гирмај Гебресласие од Еритреја е првиот освојувач на медал на Светското првенство во атлетика што се одржува во Пекинг. 19-годишниот маратонец победи во трката што се трчаше по улиците на Пекинг, а се одржа на првиот ден од шампионатот. Маратонската трка ја истрча за 2:12.28 часа и го освои златото.
Сребрениот медал му припадна на Јемане Цегај од Етиопија, кој имаше време 2:13.08 часа, а третопласираниот Соломон Мутај од Уганада го освои бронзениот медал со време 2:13.30 часа.
Во рамките на попладневната програма на Светското првенство ќе бидат познати и новите шампиони во уште две дисциплини: фрлање ѓуле кај жените и во трката на 10.000 метри кај мажите.