Саем на мед ќе се одржи денеска и утре на Плоштадот на револуцијата во Струга во организација на Здружението на пчелари „Матица“ од Струга помогнато од Мрежа за рурален развој од Македонија и Општина Струга.
Саемот ќе го отворат градоначалникот на Општина Струга Зијадин Села и директорот на Мрежа за рурален развој Петар Ѓоргиевски.
На Саемот со свои производи ќе учествуваат пчелари од Скопје, Штип, Радовиш, Кочани, Битола, Прилеп, Охрид, Дебар и Струга.
Ова е прв саем на мед во Струга, а се организира со цел промоција на пчеларските производи и поттикнување на развојот на оваа стопанска дејност во овој регион, кој има одлични услови за развој на пчеларството. Тенденција на организаторите е манифесатцијата да стане традиционална.