(ВИДЕО) Се поставува уште еден ред бодликава жица на границата

Од:

Полицијата попладнето и вечерва поставува уште еден ред бодликава жица пред влезот на територијата на Македонија, за да спречи илегален влез на мигрантите. Ситуацијата е смирена, а за тоа придонесе и дождот кој паѓа во Гевгелија и околината.

Мигрантите се покриени со најлони,кутии и шатори сместени на просторот помеѓу Грција и Македонија, а силни полициски сили се наоѓаат од македонска страна.

Вечерва на овој простор има и екипи на Брза помош и лекари кои интервенираат и им помагаат на мигрантите, најмногу на децата кои се дехидрирани и уморни од долгиот пат.

Би можело да ве интересира

Криумчареле Кинези и Авганистанци, приведени двајца

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти