Во кинескиот град Тјанцин утрово избувна пожар. Според локалните медиуми два пожари избувнале в реонот каде се санираат последиците од експлозијата од 12 август.
Пожарникари и припадници на армијата се обидуваат да ги изгаснат пожарите.
Во експлозијата на магацин за 12 август загинаа најмалку 114 луѓе, од кои 56 пожарникари и седум полицајци. Пет тела се уште не се идентификувани, а во болница се уште се 648 луѓе од кои 16 се во критична состојба.