Во Германија годинва пристигнале 360.000 мигранти

Од:

Германија соопшти дека годинава драстично е зголемен бројот на имигранти и досега изнесува 360.000 лица.

– Поради огромниот бран на новопристигнати мигранти потребно е повеќе време за поднесување на молби за азил. До крајот на јули беа поднесени 218.221 молби, што е зголемување за приближно 125 проценти, се наведува во соопштението на германското Министерство за внатрешни работи.

Германија е најпосакувана европска дестинација за бегалците со 43 проценти од вкупно 400.000 поднесени молби за азил во Европа до крајот на јуни.

Околу 45.000 се сместени во привремени домови додека чекаат дали ќе им биде одобрен азил, а за 100.000 до 150.000 луѓе недостига сместување.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција