Денеска повторно изборното законодавство е тема на разговорите меѓу СДСМ, ДУИ и ДПА за спроведување на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија
На синоќешниот состанок, кој траел два часа, се разговарало за специјалниот јавен обвинител. Партиските претставници не дадоа изјави за текот и исходот од средбата. Белгискиот експерт Питер Ванхауте само посочи дека имало многу интересна и многу солидна дискусија.
Според договорот од Пржино, специјалниот обвинител треба да биде назначен најдоцна до 15 септември. Но има информации дека доколку до 14 септември партиите не успеат да се усогласат кој да биде на оваа важна функција, според договорот од Пржино, специјалниот јавен обвинител ќе биде назначен од ЕУ и САД
На средбата во петок, партиите ќе почнат со конкретни разговори за законската рамка, како и за изборот, функционирањето и надлежностите на специјалниот обвинител.
Специјалниот обвинител, кој ќе биде комплетно независен, треба да ја расчисти аферата со прислушувањето, од кои произлезе и случајот „Пуч“. Оваа личност треба да ги добие сите материјали од „бомбите“.
Т.Ц.