„Ал Арабија“: ИД сака да создаде во Сирт најголема база надвор од територијата на Ирак и Сирија

Од:

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) планира да ја создаде во либискиот град Сирт својата прва најголема база надвор од територијата на Ирак и Сирија, објави телевизијата „Ал Арабија“.

Според телевизијата, исламистите се обидуваат да ги зајакнат своите позиции во Сирт. ИД имала намера да го претвори градот во своја престолнина во Северна Африка.

Борци на ИД се борат со свои противници во центарот на градот. Екстремистите го преземале предградието наречено „Трет реон“. Офанзивата против градот започна минатата недела со артилериски напад во предградијата. Според последните податоци, убиени се околу 100 лица.

Одлуката на ИД да го претвори Сирт во своја главна база надвор од Ирак и Сирија не е случајна. Во овој град има трговско пристаниште, а на неколку километри јужно од градот се наоѓа најголемата воено воздухопловна база во Либија, „Ал Кардабија“.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска