Села: Повторно оживеа туризмот во Струга

Од:

Туризмот во Струга годинава повторно оживеа, оцени градоначалникот Зијадин Села.

Општината, посочи тој, направила многу, како од инвестиции во инфраструктурата, организирање културни манифетсации и привлекување инвеститори за враќање на туристите во градот

– Реализиравме проекти во инфраструктурата, организираме културни манифестации, а тука се наоѓа и првиот хотел со пет ѕвезди, со што се привлекуваат туристите. Работевме многу да го средиме и сообраќајот и со новите решенија на општинската администрација добро функционира, рече Села.

Во однос на ветувањето дека ќе ги руши нелегално изградените плажи на струшкото крајбрежје, Села нагласи дека ќе го почитува Законот, осврнувајќи се дека не треба да се донесат предложените измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти во заштитените крајбрежни подрачја за да се зачува Охридското Езеро

– Во моментот законски е сите тие објекти да се срушат. Ако има промена на законите за тоа треба да сносат морална одговорност политичарите кои ги носат тие закони. Плажите и јавните простории треба да им служат на граѓаните и да бидат во нивна корист, а не на некои што бесправно и нелегално узурпирале јавни простории, истакна Села.

Би можело да ве интересира

Нестабилноста на Блискиот Исток ја забавува турската летна сезона и ги пренасочува туристите кон ЕУ

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Бројот на туристи во Грција зголемен за 38 отсто во споредба со лани

A1on

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ