Окта ја стопира испораката на нафтени деривати кон Макпетрол

Од:

Пoради замрзнатата смeтка на Макпетрол, Окта ја стопирала испораката на нафтени дефивати кон оваа компанија, дознава Алсат-М од извори во компанијата.

Според информациите, за ова тие добиле и официјална писмена потврда од менаџментот на Окта. Ваквата разврска,велат од компанијата е вовед во енергетска криза.

Оттаму посочуваат дека на бензинските станици на Макпетрол сега има нафтени деривати уште за два дена. А најкритично ќе биде со испораката на керозин за аеродромите. Макпетрол, најверојатно во текот на денешниот ден ќе ги извести сите надлежни институции за најновите случувања.

Пред три дена со решение на судот беа замрзнати сите сметки на Макпетрол, и сиот движен и недвижен имот се до завршување на постапката, а веднаш потоа беа блокирани и сметките на Оилко.

Би можело да ве интересира

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Во ОКТА отворен првиот тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати

A1on

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Макпетрол“: потребно е заедно да кренеме глас против булингот

Донација од „Макпетрол“ за основните училишта во општина Центар

Ана Ололовска