Индонезиски патнички авион со 54 лица, што летал на национална релација, исчезна од радарите на воздушната контрола над реон на Источната провинција Папуа, соопшти Националната агенција за потрага и спасување.
– Изгубивме контакт со авионот, изјави шефот на агенцијата Бамбанг Соелисто.
Авионот и припаѓа на компанијата Тригана ер сервис“.
Во него имало 44 патници, пет деца и бебиња и петчлен екипаж.
Авионот летал од аеродромот „Сентани“ во Џајапура, престолнина на провинцијата Папуа, до јужниот град Оксибил.