Индонезија одбележува 70 години од прогласувањето независност

Од:

Индонесија, која со сегашните 256 милиони жители е четтврта по бројност земја во светот, почна да ја одбележува 70-годишнината од прогласувањето на независноста, што треба да кулминира на 17 август.

Денеска, со свечена и две работни седници на индонежанскиот Парламент, на кои ќе се усвои и буџетот за 2016 година, во присуство на неколку поранешни претседатели, министри и дипломатскиот кор, говор одржа претседателот Јоко Видодо.

Тој побара државните претпријатија и агенции, полицијата и војската, како и авторитетната национална комисија за антикорупција да заборават на своето его, да соработуваат и да овозможат во државата целосно да функционира сегашниот претседателски систем.

Денеска беше забележливо отсуството на поранешниот претседател Сусило Јудихјоно.

Индонезија ја извојува независноста со победа над неколкуте холандски едиици кои по повлекувањето на Јапонија од архипелагот, со поддршка на локални квислинзи се обиде да го обнови своето право на колонијално владеење со државата позната по големо производство на зачини, тропско овошје и огромен потенцијал на рудници и нафта. Холандија формално „де факто“ ја призна независноста на Индонезија со Декларација од 2005 година.

Индонезија сега е водечка економија во заедницата на десетте држави од регионалната асоцијација АСЕАН. Годинава БДП-то на оваа држава која се простира на 17.350 острови ќе досигне вредност од 1.500 милијарди долари. Со големи инвестиции што се во тек, во 2020 година Индонезија очекува двојно зголемување на бруто домашниот производ.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници