Кумановските пожарникари интервенирале четири пати во Речица и Романовце

Од:

Кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден интервенирале четири пати. Пожарите на сува трева и стрништа се случиле на подрачјето на селата Речица и Романовце.

Од Регионалниот Центар за управување со кризи денеска информираа дека вчера во периодот од 20:25 до 21:20 часот, пожарникарите интервенирале на површина од 3,6 хектари во Речица каде што горела сува трева и опожарено стрниште. Претходно, во попладневните часови на двапати кумановските пожарникари гаснеле повторно сува трева и стрниште.

Во текот на вчерашниот ден било интервенирано и во селото Романовце каде исто така горела сува трева и стрниште. Четворица пожарникари со едно противпожарно возило успеале да го изгасат пожарот кој избувнал во 18:20 часот, а бил изгаснат околу 20 часот.

Би можело да ве интересира

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда