Компаниите Фејсбук, Гугл, Мајкрософт и Јаху се придружија на иницијативата на Интернет воч фондацијата (IWF) од Велика Британија, која се бори против објавувањето порнографска соодржина со деца на Интернет.
Фондацијата се надева дека со помош на новата технологија, која ја развива во соработка со Мајкрософт, а која ќе биде достапна преку веб страниците, ќе го спречи ширењето детска порнографија на Интернет, објави денеска францускиот весник Фигаро.
IWF ќе направи „дигитални отпечатоци“ за идентификација на педо-порнографска соодржина на Интернет, која ќе овозможи нивно следење. Кога ќе биде направена, списокот со отпечатоци ќе биде достапен на челнките на IWF.
Сликите објавени на социјалните мрежи ќе бидат скенирани и доколку анализата покаже дека фотографијата одговара на еден од тие отпечатоци, ќе биде невозможно да биде објавена на веб.