Поради ширење порнографски материјали, Телеграм ја затвори „Јавна соба“

Од:

„Телеграм“ ја затвори групата „Јавна соба“ во која илјадници членови од земјава споделуваа експлицитни фотографии и видеа од девојки од Македонија, меѓу кои имаше и малолетнички.

Групата не може да се отвори, бидејќи, како што пишува „истата била користена за порнографски содржини“. Не можат да се видат ниту содржините што ги објавувале членовите на групата.

Неизвесно е дали членовите можат да отворат нова ваква група и дали „Телеграм“ ќе реагира на истиот начин доколку се утврди дека таму се споделуваат содржини, односно видеа и фотографии од девојки, кои не дале дозвола за нивна дистрибуција.

МВР денеска приведе четири лица за овој случај.

Двајца од приведените се од Битола и по едно лице e од Велес и од Штип.

„Се работи на откривање кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови. Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност“, објави министерот Оливер Спасовски.

Попладнево беа уапсени првите две лица, едно од Битола и едно од Велес, а кусо по апсењата „Јавна соба“ почна да се полни со една иста порака во која администраторот ги известува членовите дека е отворена нова група и ги повикува да ми пратат приватна порака за да им ја испрати.

Премиерот Зоран Заев ги повика членовите да излезат од групата оти МВР ќе ги добие податоците и сите ќе бидат обвинети и ќе одговараат за она што го прават. Премиерот рече дека побарале од „Телеграм“ да ја избрише групата „Јавна соба“, а доколку од таму не одговараат на барањето, најави дека ќе ја блокира апликацијата – не поради цензура, туку за заштита на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Фолтин во Јавна соба на „Светско, а наше“

Предраг Петровиќ

Врховниот ги одби барањата за преиспитување на пресудата за „Јавна соба“

Катерина Ѓуровски

Рускиот регулатор ги казни ТикТок, Телеграм, Зум, Дискорд и Пинтерест

Суспендиран британски пратеник обвинет за гледање порнографија во Парламентот

А1он

Делегацијата на ЕУ во Русија отвори налози на Телеграм и на Вконтакте

А1он

Телеграм го надмина Вотс ап според бројот на корисници во Русија

А1он