(ВИДЕО) Жртва на „Јавната соба“: Полицијата одби да ми помогне, а јас сè уште сум жртва на секакви пораки и повици

Од:

На социјалната мрежа Инстаграм се огласи Ана, 28-годишна девојка која била жртва на таканаречената „Јавна соба“ на Телеграм, каде што илјадници членови споделуваат експлицитни фотографии, па дури и видеа од девојчиња од Македонија, без нивна дозвола. Во тајната група на Телеграм се споделуваат и телефонски броеви на девојките, со вулгарни коментари.

Таков бил случајот и со Ана, кога одредено лице објавило нејзина фотографија од нејзиниот летен одмор, со недоличен коментар, а објавен бил и нејзиниот телефонски број. Фотографијата ја виделе илјадници членови на групата, а таа видно вознемирена зборува за настанот и за глувоста на институциите да ја заштитат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝔸𝕟𝕟𝕒 (@troublemaker_ak)

„Не сакам веќе никој да страда од вакви работи. Јас после објавата почнав да добивам пораки и повици на мојот телефон, не знаев што се случува. Наредниот ден добив принт-скрин од мојата фотографија која освен на Телеграм, се проширила секаде. Се испаничив, се преплашив. Отидов во Одделот за сајбер криминал во МВР да пријавам, им ги кажав со име и со презиме луѓето кои ми ѕвонеа и пишуваа. Кога слушнаа дека имам 28 години, ми рекоа дека законот во нашата држава е за малолетници и дека во мојот случј ништо не можат да направат. Понатаму не знаев каде да се обратам, изгубив секаква надеж. Едноставно не постои правда, ние немаме никаква заштита. Токму затоа што немаме закон, луѓето се осмелуваат да направат вакви работи. Решив да го продолжам животот понатаму, но пораките и повиците не престанаа. Потребен ни е закон кој ќе не штити, бидејќи очигледно дека секој еден може да објави и напише за нас што сака“, вели Ана во видео-пораката.

Таа им се обраќа и на сите девојки кои поминувале или поминуваат низ истото.

„Ова не е ваш срам, ова е срам на друг кој сака да ви наштети. Главата горе, немојте да дозволите да паднете психички, не сте вие виновни што сте одлучиле да постирате фотографии и да користите социјални мрежи“.

Би можело да ве интересира

Платформа за родова еднаквост: Јавното обвинителство итно да го расчисти случајот „Јавна соба“

Платформата за родова еднаквост повторно на марш на 8 март, очекуваат конкретни резултати и кривичен прогон за сторителите од случајот „Јавна соба“

Ана Ололовска

Како девојките – жртви на Јавна соба го молеле администраторот да ја затвори групата: „Еден ден и ти ќе имаш ќерка!“

Мери Јордановска

Триесет дена притвор за администраторот и модераторот на „Јавна соба“

Мери Јордановска

Приведени администраторот и модераторот на првата „Јавна соба“, се бара притвор за да не избегаат

Ландов

Спасовски „очекува да се направат многу повеќе напори“ во случаите како „Јавна соба“

Жарко Настоски