Кери ги обвини Кина и Русија дека му ги читаат мејловите

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери ги обвини Кина и Русија дека најверојатно ги читаат неговите електронски пораки и предупреди дека прашањето за кибер пиратството ќе биде отворено на средбата на претседателот Барак Обама со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Во интервју за Си-Би-Ес, Кери посочи дека постои голема веројатност дека Русија и Кина му ги читаат мејловите, бидејќи изминатите денови станало познато дека тие нападнале одреден број американски интереси.

Кери додаде дека кога пишува електронски пораки тоа го прави со сознание дека Русија и Кина можеби го читаат.

– За жал живееме во свет во кој одреден број земји, во таа смисла и Кинезите и Русите постојано се вмешани во напади против американските интереси, против американската Влада, додаде Кери.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД