Реакција на ВМРО-ДПМНЕ Штип на соопштението на СДСМ Штип

Од:

„Психолошка проекција“ е форма на одбранбен механизам кога едно лице, несаканите или негативните чувства и манифестации ги пресликува на други односно на околината, во ситуации кога е под пртитисок или опасност од истите, со цел да ги прикаже како опасност од страна на другите. Пластично кажано, тоа е ситуација кога некој е груб со луѓето, а ги обвинува другите  дека се груби со него, или кога некој лаже, а ги обвинува другите дека лажат, или пак кога некој не е успешен, а ги обвинува другите за неуспех. (http://www.britannica.com/topic/projection-psychology).

Е па почитувани, токуму во оваа дефиниција можеме да ги најдеме соопштенијата од СДСМ, кои соочени со сопствените неуспеси се обидуваат истите да ги проектираат кон актуелната власт и се обидуваат со штури соопштенија да нулифицираат ноторни факти кои се видливи за целата јавност.

Но да бидеме фер… Се обидуваме да ги најдеме и вашите постигнувања и резултати, па можеби и можете да ни помогнете?

Се прашавме каде е опремата за интервентна кардиологија набавена во времето на СДСМ? Цел ден ја бараме, како да е лист хартија изгубен во архива? Потоа два дена упорно прелистуваме и вртиме  медицинска документација за да видиме колку животи се спасени на истата во ситуации кога  времето значи живот? Колку стента се ставени во тоа време и на таа опрема? Ако ја нема опремата, ќе има некој траг од неа нели… Да видиме колку покажавте грижа за жителите на источниот регион да бидат соодветно третирани во итни и живото загрозувачки состојби? Сеуште траги не наоѓаме…

Почитувани претсавници на СДСМ, каде е апаратот за магнетна резонанца набавен во ваше време? Колку е неговата искористеност, односно колку снимања се направени?

Каде е најсовремената опрема за операција на катаракта со фако метода? На колку лица им го олеснивте животот со овозможување на лесен пристап до оваа услуга?

Треба ли да продолжиме?

А за ваша информација, по официјални податоци од Агенцијата за катстар на недвижности, последните инфраструктурни инвестиции до 2006 година, односно детското одделение и инфективното одделение се изградени во 1984 година. И со тие вие со гордеете? Со кое право“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип, по повод соопштението на општинската организација на СДСМ од Штип.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”