Кинеската војска одржува серија вежби според „реално сценарио“, во кои учествуваат над 140 илјади војници.
Маневрите се организираат во западниот дел на земјата во воениот регион Ченгду, а се први од серијата пет воени вежби во кои ќе бидат вклучени единици од копнените сили, морнарицата, воздухопловството и другите единици.
Кинеската агенција Ксинхуа јави дека вежбите почнале минатиот месец, но дека дури од вчера почнале да се спроведуваат според „реално сценарио“.
Војската на Кина почна се почесто да одржува вежби според реални сценарија, како неодамнешното одржување на „реални“ вежби во Јужното Кинеското Море, каде Пекинг има територијален спор со пет други држави.