Семејството на Сухарто ќе враќа 325 милиони долари присвоени од фондацијата за сипендии

Од:

Врховниот суд на Индонезија денеска ја објави пресудата според која семејството на портанешниот починат индонезиски претседател Сухарто, во државниот буџет треба да врати 325,6 милиони долари.

Овие средства биле злоупотребени од страна на наследниците на Сухарто преку „Супершема Фондацијата“ во која компании уплаќале значајни средства што требало да бидат употребени за школување на талентирани ученици во Индонезија и во странство.

Акцијата за демистификација на Фондот на семејството на поранешниот индонезиски диктатор ја водел врховниот државен обвинител на Индонезија.

Според некои медиуми, семејството на Сухарто најголем дел од парите ги употребило за финансирање на предизборната кампања на минатогодишните парламентарни и претседателски избори. Во тоа време на повеќе собири на партиите од коалицијата, која ги загуби изборите се навестуваше преиспитување на одлуките, според кои, полувоениот режим на Сухарто е прогласен за диктатура.

Сухарто раководеше се Индонезија од март 1976 до мај 1998 година. Во 1975 година тој застана на чело на генералскиот пуч и го смени Сухарто, претседателот на Индонезија, кој беше еден од тогаш највлијателните лидери на Движењето на неврзаните.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници