Поранешен кинески генерал осуден на смрт за корупција

Од:

Поранешниот кинески генерал-полковник Гу Чуншан денеска доби смртна казна со одложено изврешување заради земање поткуп и злоупотреби на службената положба, пренесе ТАСС.

Гу беше заменик началник на Главната управа на кинеската армија. Неговата позиција обезбедуваше широки овластувања врз договорите и нарачките за вооружените сили, чија бројност изнесува 2,3 милиони лица.

На поранешниот високо позициониран воен офицер му е одземен чинот и укинати му се политичките права. Целиот негов имот ќе биде конфискуван.

Гу беше уапсен уште во 2012 година. Предметот против него стана еден од најголемите корупциски скандали во целата историја на кинеската армија.

Смртната казна е со двегодишен рок за одложување од извршување, а во Кина ваквите казни вообичаено се заменуваат со доживотен затвор ако има добро поведение.

Кина со години наназад се обидува да расчисти со корупцијата, за која се смета дека го слабее моралот и борбената способност на армијата.

Претседателот Кси Џинпин, кој е претседател на Централниот воен совет, органот што раководи со вооружените сили на земјата, борбата против корупцијата во армијата ја претвори во централен елемент од својата кампања против корупцијата во владата и во владеачката Комунистичка партија.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија