На третиот конгрес на дијаспората од Индонезија, што ќе се оддржи од 12 до 14 август ќе учествуваат 15.000 делегати. Тие доаѓаат од иселеничките кругови во САД, Холандија, Германија, Катар, Кина и Австралија, како и од соседните држави Сингапур, Малезија и Филипините.
Конгресот на дијаспората од Инонезија се одржува под патронат на министерството за надворешни работи на оваа држава со 256 милиони жители, од ко околу пет милиони работат или студираат во странство.
На конгресот на ијаспората, кој ќе се одржи под мотото „Diapora Bagti Bangsa” (дијаспора верна на нацијата), покрај другото ќе се донесат резолуции за двојното државјанство и за остварувањето на гласачките права освен на парламентарните и претседателските и на локалните провинциски избори.