ИД се заканува со нови напади во Саудиска Арабија

Од:

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) денеска објави аудио запис, во кој, како што се тврди, говори бомбашот-самоубиец кој го изврши нападот во џамијата во Саудиска Арабија во четвртокот, при што загинаа 15 припадници на саудиските безбедносни сили.

Аудио снимката, заедно со фотографија на наводниот напаѓач, кој е идентификуван како Абу Синан ал Наџди, е објавена на еден налог на Твитер поврзан со ИД.

Наводниот Наџди на снимката вели дека Саудиска Арабија ќе се соочи со уште напади, додавајќи дека „саудиските владетелите и војници нема да уживаат во мирот“, затоа што учествуваат во коалицијата предводена од САД што врши напади врз припадниците на ИД во Сирија и Ирак.

Во снимката осомничениот бомбаш-самоубиец упатува и апел до други милитанти да извршуваат самоубиствени напади, нагласувајќи дека „појасите со експлозив се многу по ефективни од огненото оружје“.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска