Хрватската влада продолжува да работи на решавање на проблемот со киднапираниот хрватски државјанин, но поради чувствителноста на ситуацијата во овој момент не можеме да откриваме никакви информации, соопшти министерката за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ по нејзиното враќање доцна синоќа од Каиро.
Томислав Салопек, вработен во фрацуска фирма киднапиран е во подраќјето на Каиро, а во средата попладне Исламска држава објави снимка на која е на колена во пустина, а над него маскиран маж со нож во рака . Томислав читаше од лист дека ќе биде погубен во рок од 48 часа доколку египетската влада не ги ослободи уапсените муслиманки. Од другата страна, египетската влада соопшти дека не знае ништо за уапсени муслиманки во Каиро.
Во видео снимката е назначено времето кога почнува одбројувањето, и рокот истече вчера во 17.30 по средноевропско време.
Египетскитата служба за безбедност интензивно трага за киднапираниот Хрват и по истекот на ултиматумот кој Исламска држава го даде за да му го поштеди животот, но и по новото продолжување на рокот за постигнување на договор од 48 часа.
Во Каиро отиде и сопругата на Томислав Салопек, а вчера во напорите за негово ослободување се активира и хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ која разговараше со египетскиот претседател.
Египетските експерти оценуваат дека киднапирањето е направени со неколку цели.
Првата е да се отвори криза помеѓу Египет и светот, а втората да се уништи свеченоста на раскошната инаугурација на трасата на Суецкиот канал која беше пред два дена , проект со кој египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси сака од Египет да направи економска сила.
Таткото на киднапираниот Хрват во четртокот во разговор со новинарите апелираше киднаперите да го ослободат неговиот син.
-Ги молам луѓето кои го киднапираа мојот син да го пуштат да се врати на своето семејство. Неговиот мотив за заминување во странство беше единствено да заработи леб за своите деца. Ништо друго, кажа Златко Салопек.