Судот го известил обвинителството дека не се почитува превентивната мерка против Заев

Од:

Основниот суд Скопје 1 – Скопје ја информира јавноста дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев ден пред одржувањето на првото рочиште за случајот Пуч, се јавил во струмичкиот суд за да го извести судот дека нема да се појави на рочиштето. Како причина Заев го навел неговото тврдење дека процесот што се води против него е политички монтиран.
Поради зголемен интерес од јавноста, како што велат од Основен суд Скопје 1, во соопштението пренесуваат извадок од записникот на струмичкиот суд.

„Точно е дека имав задолжение да се јавувам секој понеделник во овој суд по решение IV КОК-ПП 52/15-4 од 21.01.2015 година по тоа решение уредно се јавував во Основен суд Струмица се до 06.07.2015 година која јавно ја известив јавноста преку прес конференција за понатамошно непочитување на мерката задолжително јавување секој понеделник во Судот од причини кои што и тогаш јавно ги посочив и сега ги потврдувам, а се однесуваат на политичкото одлучување во судската постапка „Пуч“ – насилство врз претставници на високи државни органи.

Инаку и понатаму останувам на таа изјава за непочитување на мерката на претпазливост, меѓутоа напоменувам на органите на прогонот во секој момент сум достапен, не мислам да се дадам во бегство и натаму останувам во Македонија и тоа на подрачјето на Општина Струмица и Општина Скопје. Во Струмица сум на адреса ул,,……..“, а во Скопје во седиштето на СДСМ. Тоа е се што имам да кажам“, стои во записникот.
На 5-ти август, ден потоа, беше одложен стартот на судењето за случајот Пуч затоа што законските услови не беа задоволени, како што рече судијата, односно поради неоправданото отсуство на Заев.

До Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, Основен суд Скопје 1 во текот на вчерашниот ден испратил известување дека Заев не ја испочитувал определената превентивна мерка и дека не се јавувал пред надлежниот суд во Струмица.

„Постапувајќи по барање на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при овој Суд, од страна на Основен суд Струмица доставено е известување на 30.07.2015 година во кое е наведено дека обвинетиот З.З. на 13.07.2015, 20.07.2015 и 27.07.2015 година не се појавил во просториите на Судот во Струмица, ниту го оправдал неговото недоаѓање. Исто така, Судот во Струмица на барање на ОСС1 му испратил покана на обвинетиот да се јави во Судот на ден 04.08.2015 година, за да даде изјава во врска со барањето на Советот при овој Суд. Обвинетиот ја испочитувал поканата и се појавил во просториите на Судот така што на 05.08.2015 година до Советот е доставено известување од Судот во Струмица, со прилог записник од сослушувањето на обвинетиот Зоран Заев, од 04.08.2015 година, во кој се наведени причините за неговото непочитување на определената мерка на претпазливост.

Во прилог на овој допис, ОСС1 до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ги достави известувањето на Основен суд Струмица од 06.07.2015 година, дописот на кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција до Судот во Струмица од 21.07.2015 година, известувањето од Судот во Струмица до овој суд од 30.07.2015 и од 04.08.2015 година, со цел целосно запознавање на Јавното обвинителство во врска со овој предмет”, информираат од Кривичен.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење