Трансфер сагата со преминувањето на Анхел Ди Марија во ПСЖ и официјално заврши, откако денеска парижаните го потврдија неговото доаѓањето на „Паркот на принцовите“.
Дваесет и седумгодишниот крилен напаѓач со „светците“ потпиша четиригодишен договор до јуни 2019 година. Тој доаѓа од Манчестер Јунајтед каде што одигра само една сезона, а претходно играше за Реал Мадрид, Бенфика и Росарио.
– Горди сме што Ди Марија го одбра ПСЖ. Станува збор за неверојатен фудбалер со кој уште еднаш ги покажуваме нашите високи амбиции, изјави првиот човек на тимот, Насер Ел Келифи.
Сумата што ПСЖ ќе ја плати за Аргентинецот не е објавена, но се движи околу 65 милиони евра.