Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и на југот од земјата ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а дневната од 30 до 37 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала, а попладне со зголемена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 37 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските предели, особено во југозападниот и јужниот дел од земјата. Од почетокот на работната недела и понатаму ќе се одржува сончево претпладне, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд претежно во југозападните делови.