Италијанскиот фудбалски репрезентативец Даниел Пабло Освалдо кариерата ќе ја продолжи во Порто, објваи португалскиот вицешампион.
Освалдо во Порто доаѓа како играч на Саутемптон, иако последните шест месеци ги помина на позајмица во Бока Јуниорс.
Со ангажирањето на Освалдо, португалскиот тим очекува тој да биде соодветна замена за Џексон Мартинез, најдобриот стрелец во Лигата на шампионите минатата сезона, кој потпиша за Атлетико Мадрид.
29-годишниот Освалдо е роден во Аргентина, но одбра да настапува за италијанската репрезентација каде веќе одигра 14 натпревари и постигна четири погодоци.
Освалдо во текот на својата кариера настапуваше за Хуркан, Аталанта, Лече, Фиорентина, Болоња, Еспањол, Рома, Јувентус и Интер.