Следниот генерален секретар на ОН би можел да биде Вук Јеремиќ, бидејќи се очекува првиот човек на Светската организација да дојде од редовите на источно европските земји, пишува Ројтерс.
Јеремеиќ, во интервју за британската агенција не сакал да зборува за идните планови, но сепак не ја исклучил таа можност како реална.
Бројни дипломати во Обединетите нации го спомнуваат сегашниот претседател на Генералното собрание Вук Јеремиќ како потенцијален кандидат за нов генерален секретар на светската организација, кога во декември 2016-та година ќе заврши мандатот на Бан Ки-мун, пренесува Ројтерс.