Студентски пленум собира донации за настраданите во Тетово

Од:

Студентски Пленум соопшти дека од 17 часот ќе биде поставен штанд на ул. Македонија кај спомен куќата на Мајка Тереза за собирање донации за семејствата кои вчера беа погодени од силното невреме во Тетово и околината. Потребни се: вода, облека, конзервирана храна и лекови.

studentplenpovik

„Ги повикуваме сите колеги, доброволци и граѓани кои сакаат да помогнат во собирањето и преносот до Општина Тетово да бидат во 17 часот таму“, апелираат од Студентскиот пленум.

ndihmo-tetoven

Унијата на студенти Албанци, исто така на социјалната мрежа Фејсбук објави дека е поставен штанд за собирање донации за настраданите во Тетово, во Скопската чаршија во близина на Сули ан, пред Мурат – пашината џамија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

(ВИДЕО) Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

А1он

Почетокот на судскиот процес за театарот и библиотеката повторно одложен – нов термин закажан за 8 октомври

Семејство од Тетово бара помош: Исчезнат е 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски

Јаневска: Има неколку сериозни наследени проблеми во врска со Студентскиот дом во Тетово

Левица: Бизнис зделка на Касами го оштети буџетот на тетовчани за околу пет милиони евра