Од 31 јули до денеска се издадени потврди за азил на вкупно 2.924 странски државјани, од кои 1.947 машки, 382 женски и 557 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 38 деца кое патуваат без родител, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од лицата кои добиле потврди, најбројни се државјаните на Сирија (2.437), потоа на Ирак (169), Авганистан (113), Пакистан (113), Сомалија (17), Палестина (12), Етиопија (11), додека останатите се во помал број.
Од 19 јуни, пак, до денеска се издадени потврди на вкупно 25.672 странски државјани, од кои 18.409 машки, 3.398 женски и 3.629 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 236 деца кои патуваат без родител.
Повторно, најбројни се Сиријците (19.342), потоа од Авганистан (1.877), Ирак (1.414), Пакистан (898), Сомалија (519), Палестина (432), Конго (285), Камерун (133), Еритреја (129), додека останатите се во помал број.
Во ЈУ Прифатен центар за 3 август 2015 година е евидентиран еден барател на азил (маж).
Од вкупниот број баратели на азил присутни во Прифатниот центар, не се евидентирани баратели на азил со повреди, бремени барателки на азил и малолетни лица без придружба на старател.
Според МВР, од почнувањето на издавањето на потврдите до денеска, до Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Од 1 август до 3 август 2015 четирите мобилни екипи на Црвен крст укажаа прва помош на вкупно 455 интервенции, од кои 286 беа извршени во Гевгелија, а 169 во Табановце. Вкупно 17 трудници побарале медицинска асистенција од мобилните тимови, а само 1 лице е транспортирано до гевгелиската општа болница.
Минатиот викенд во Табановце и Гевгелија, вкупно беа дистрибуирани 1.102 шишиња вода, 172 пакети за самопомош, 205 пакети со храна, 194 хигиенски пакети за мажи, 163 хигиенски пакети за жени и 28 пакети за бебиња.
Од 27 јули до 2 август извршена е дезинфекција на 9100 метри квадратни вагони и површина на железничката станица Куманово/Табановце од страна на ЦЈЗ куманово 6.000 метри квадратни вагони и 1.500 метри квадратни површина од страна на ЦЈЗ Скопје 10.320 површина на железничка и автобуска и простор каде се стационирани мигранти како и на полициски возила во Гевгелија.