Во Утрехт се гради најголемата гаража за велосипеди во светот

Од:

Во холандскиот град Утрехт ќе се изгради најголемиот паркинг за велосипеди со 12.500 места, што ќе чини 50 милиони евра

Во овој универзитетски град со околу 330.000 жители секојдновно се превезуваат 100.000 велосипедисти.

Паркирањето велосипеди на непрописни места е неминовност, бидејќи постојните паркиралишта и гаражи немаат доволно места.

Затоа градските власти одлучиле да почнат изградба на нова, грандиозна гаража за велосипеди. Првиот дел од паркингот ќе биде завршен во текот на 2016. а целата гаража во 2018 година.

Кога ќе се заврши првиот дел од паркингот, Утрехт ќе има повеќе од 30.000 паркинг места за велоспеди.

Во Холандија има над 18 милиони велосепеди или еден милион повеќе од жители (17 милиони) а „земјата на лалињата“ има и 34.000 километри велоспедски патеки и патишта.

И другите европски центри сакаат да ги стимулираат своите граѓани повеќе да го користат велоспедот како превозно средство.

Во Лондон во моментов се гради велосипедски пат од 30 километри. Цел е да се поттикне поголемата употреба на велоспеди во британската престолнина, низ која секојдневно се превезуваат 600.000 велоспиедисти, а кои до 2026 година, според планот на градските власти, треба да бидат околу 1,5 милион.

Во Париз дневно со велосипед се превезуваат 225.000 лица, а управата на градот планира да вложи 150 милиони евра во унапредување на велосипедизмот, за главниот град на Франција да стане светска престолнина на велосипедизмот.

Би можело да ве интересира

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Автомобил удрил велосипедист и избегал од местото – велосипедистот е со тешки повреди

Велосипед удрил пешак на Партизанска – велосипедистката е со тешки повреди

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on