(ВИДЕО) Пороен дожд, град и грмежи го зафатија Дојран

Од:

Попладнево, силно невреме со врнежи од град го зафати Дојран.

Врнежите беа пропратени со силен ветер и грмотевици.

До крајот на денов во земјава ќе се задржи променливо и на места нестабилно облачно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дождот за кратко време ги преплави улиците во градот.

Во вечерните, а особено во ноќните часови се очекува стабилизирање на времето.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

11830655_10206990779189678_746376637_n

Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 14 до 23, а највисоката се очекува да достигне од 30 до 37 степени. УВ-индексот ќе биде 8.
Во Скопје утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до околу 20, а највисоката дневна ќе достигне до 35 степени.
11798257_10206990620505711_934163053_n

Според прогнозата на УХМР, за време на продолжениот празничен викенд ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Поизразена нестабилност се очекува во понеделник и вторник.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски