Парламентарните избори во Хрватска најверојатно на 22 ноември

Од:

Парламентарните избори во Хрватска можно е да се одржат на 22 ноември, а одлуката за распишување на изборите и распуштање на Парламентот во тој случај би била донесена на вонредна седница на Саборот, на 26 август, пишува риечкиот дневен весник „Нови лист“.

Весникот наведува дека министерот за финансии, Борис Лаловац, интензивно работи на буџетските документи за 2016 година и на новите програми и закони што СДП планира да ги усвои до крајот на мандатот на Саборот.

Доколку се покаже дека буџетот е „шуплив“, датумот за одредување на изборите може да се пролонгира до февруари следната година, пишува риечкиот дневен весник и додава дека Лаловац затоа работи во „шеста брзина“.

„Нови лист“ наведува дека предлог буџетот ќе може да се затвори и „коалицијата може мирно на избори на 22 ноември, што е најнормален рок со оглед на тоа дека последните избори беа одржани на 23 ноември 2011 година“.

До тогаш, пишува весникот, Лаловац пред Саборот може да излезе со пакет закони со кои ќе се намали оданочувањето на платите, посебно на средниот слој вработени, а ќе се оптоварат екстра високите заработки и тоа ќе биде дополнителна мерка за која во СДП сметаат дека би ја поттикнала поддршката од избирачите.

Покрај тоа, пишува „ Нови лист“, се очекува и многу добра туристичка сезона, која буџетот го полни над очекувањата, се очекуваат и добри вести за градбата на мостот на Пељешац, а и фактот дека премиерот Зоран Милановиќ успеа да добие полн национален консензус во врска со „аферата Пирангејт“.

Сео ова, како што се наведува, може да има позитивни политички ефекти за актуелната коалиција во ноември подготвена да излезае на изборите.

Би можело да ве интересира

Познатиот готвач рече дека „Хрватите јадат како свињи“, Хоудек се налути: Тоа е арогантно однесување

(ВИДЕО) Хрват збесна по поразот од репрезентацијата, па го демолираше телевизорот

Горан Наумовски

Ученик во Лика бил незадоволен од оценката, се заканил дека ќе дојде со пиштол во понеделник

Хорор во Загреб: Маж шетал гол по улица и со секира кршел автомобили, а во неговата куќа пронајдено е тело на жена

A1on

(ВИДЕО) Ужас во Хрватска: Влета во смрт, пред несреќата објавувал видео како вози 200 на час

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски