Во центарот на Скопје, волонтери на „Црвен крст“, на граѓаните, денеска, им делат шишиња вода за пиење, како спас од пеколните горештини.
Потопло време со температури над 40 степени, според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, не очекува во текот на оваа недела.
Се уште важат препораките за бремените жени и хронично болните лица постари од 60 години да се ослободени од работните обврски. А работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници на отворено при што да се избегнува во периодот од 12 до 17 часот.
Поради топлото време воведена е и ограничување на движењето во шумите и шумските појаси во период од 7 до 17 часот.