Преговорите со кредиторите на техничко ниво ќе почнат утре, соопшти официјален претставник на грчкото Министерство за финансии.
На дневен ред, меѓу другото, ќе бидат прашања што се однесуваат на фискалните, пензиските и трудовите реформи, јави дописникот на МИА од Атина.
Министерството за финансии исто така соопшти дека прашањето за дополнителни реформи не е покренато, во согласност со договорот од самитот на 12 јули, ниту во писмото на министерот за финансии, Еуклид Цакалотос до Европскиот механизам за стабилност.