Запленети 13 мрежи во акција против рибокрадци на Пчиња

Од:

Рибочуварите и членовите на здружението спортско риболовно- рекретивно друштво „Пчиња„,вчера заплениле 13 мрежи на реката Пчиња во близина на село Студена Бара.

Претседателот на здружението Роберт Лазаревски денеска изјави дека акцијата за спречување на рибокрадците е извршена во 21 и 30 часот, при што запленети се мрежи со различна должина од 10 и 20 метри.

– Одземена е количина од два килограми риба. За среќа, рибокрадците брзо се забележани од страна на нашите членови и брзо е интервенрирано, така што спречен е обид за рибокрадство на поголема количина риба, изјави Лазаревски.

Рибокрадците, информираше Лазаревски, избегале веднаш, откако на терен ги забележале членовите на ЗСРРД „Пчиња„ и ги оставиле мрежите и количината на уловената риба.

Од здружението најавуваат дека и наредниот период постојано ќе вршат контроли по  течението на реките кои што се во надлежност на рибочуварската служба на „Пчиња“.

Би можело да ве интересира

Русија ќе и забрани риболов на Британија во Баренцовото Море

ЕУ и Велика Британија се договорија за квоти за улов во заедничките рибни фондови во 2022 година

А1он

Проблемите во риболовот во последен момент го одложија договорот меѓу Лондон и ЕУ

Во Делчево одржан меморијалниот натпревар во спортски риболов „Сандански 2020″

Ана Ололовска

Акумулацијата Стрежево порибена со 6.000 единки крап и пастрмка

Ана Ололовска

Бабовски: Нови средства за инвестиции во развој на домашното рибарство и аквакултурата

Ана Ололовска