Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска крај бреговите на Индонезија, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
Епицентарот на земјотресот бил на 79 километри југозападно од населеното место Кроја, на длабочина од 82 километри.
Засега нема информации за жртви и материјални штети, како и за закана од цунами.