Хан: Немате време за губење

Од:

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан ги предупреди државните лидери во земјава дека не е време за губење и да почнат со спроведување на реформите во земјата, се наведува во текстот на Алсат за улогата на еврокомесарот Јоханес Хан за надминување на кризата..

Во натпис посветен на неговото посредување за решавање на кризата во Македонија, Хан истакнува дека одамна земјата страда од длабока партиска поларизација, но независно од неговата потрошена енергија како и на европските пратеници, тој ги натерал лидерите на главните партии да ја преземат одговорноста врз основа на Уставот.

Јоханес Хан Комесар за проширување на ЕУ:

„Сериозните прашања во однос на владеењето на законот, кои излегоа на виделина преку скандалот со прислушување, но исто така и настаните во Куманово, покажаа дека земјата е на работ на бездна, како од политички, така и од економски аспект, а и го загрозуваше својот пат во евроатланските интеграции. Немаше време за губење. ЕУ не може да дозволи нестабилни зони на нејзините граници. Но, тоа што е најбитно е граѓаните дека заслужуваат нешто подобро“.

Сите точки од договорот во Пржино треба да го зајакнат политичкиот дијалог и доброто владеење. Владеењето на законот и довербата во Судството, додава Хан.

„Приоритетите на реформите вклучуваат задолжителни реформи во областите на владеење на законот, судството, правдата, јавната администрација и медиумите, каде за последното не се прифатливи напади кои предизвикаа сериозна загриженост и будност. Јас упатив за ова, прашање за време на седницата на Совотот за асоцијаја оваа недела и нема да се двоумам истото да го сторам и понатаму. Работата на сите реформи треба да започне сега, и ние ќе го разгледаме нивното спроведување, заедно со сите партии и граѓански здруженија во претпристапните преговори на високо ниво во спетмеври“, додава Хан.

Хан исто така ги повика политичките лидери да се однесуваат конструктивно и да ги искористат можностите што ги нуди политичкиот договор, а кои се во нивен интерес, а пред се во интерес на нацијата.

Би можело да ве интересира

Пропадна првичниот план за Украина, ЕУ итно се обидува да смисли план „Б“

Вајц: Уставните измени се услов за напредок на македонскиот европски пат

(ВИДЕО) Филипче: Ако вака продолжиме ЕУ ќе не врати повторно на ниво на скрининг

Гаши: Ниту едно билатерално прашање не смее да биде пречка за напредокот кон ЕУ

Горан Наумовски

Закани за осум земји од ЕУ поради ризик од прекршување на фискалните правила

Горан Наумовски

Санкциите против Русија остануваат на сила, објави Урсула фон дер Лајен