Индонезија ќе се бори против алкохоллизмот и со повисоки даноци

Од:

Алкохолните пијалоци во Индонезија од денеска ќе поскапат за 150 отсто во однос на досегашната пазарна цена, така што за литар виски, вотка и други жестоки пијалоци љубителите на „добрата капка’’ ќе треба да платат од 119 до 200 долари.

Индонезиското Министерство за финасии соопшти дека оваа мерка можеби ќе го полни државниот буџет, но дека се надева оти приходите од новите давачки ќе се намалуваат како ефект од борбата против алкохолизмот во државата.

Ценовниот удар помалку ќе ги погоди љубителите на вино, а уште помалку на пивото, за кои новите даноци се значително помали.

Индонезија најави дека размислува за речиси целосна забрана за продажба на алкохолни пиалоци, од која би биле исклучени само најлуксузните хотели, но сега е најавено дека ќе се почека со забраната, додека не се согледаат резултатите од големото поскапување.

Иако е претежно населена со муслимани, 256-милионската Индонезија во последните десетина години бележи дури и неочекуван пораст на луѓе што се одаваат на алкохолот. Како зависници од алкохол лани се регистрирани над осум милини, претежно млади, жители на архипелагот.

Поради и онака високите цени на жестоките пијалоци, во Индонезила се појавиле голем број диви дестилерии кои произведуваат алкохолни пијалоци од ориз и тропски овошја. Ваквиот алкохол е опасен, а минатиот месец од труење со диво произведен алкохол починаа 19 лица.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници