За еден месец пет вулкани на индонезискиот архипелаг еруптирале речиси истовремено, исфрлајќи големи количества пепел во небото, поради што три аеродроми во Индонезија морале да бидат затворени за сообраќај, јавуваат светските агенции.
Вулканот Маунт Рунг на островот Јава почнал да исфрала пепел во висина од 2.000 метри, по татнежите во неговата внатрешност кои траеле неколку недели, соопштиле индонезиските вулканолози.
Речиси во исто време, пепел почнале да исфрлаат и вулакните Гамалама и Дукомо на островите Молукас, вулканот Синабунг на островот Суматра и Маунт Карангетанг на островот Сиау, затемнувајќи го небото.
Поради вулканските активности во Индонезија, месецов биле евакуирани повеќе од 13.000 лица.
„Нашите процени покажуваат дека нема ништо необично во природниот феномен што предизвикува симултана ерупција на пет вулакни“, изјавил владиниот вулканолог Суроно, додавајќи дека сите ерупици се природни и нормални појави во земја во која има околу 130 активни вулкани.
Извор: Мета