ЗНМ: Веднаш да престане насилството врз новинарите

Од:

Насилството против новинарите во Македонија неделава ескалира и зазема драматични размери. Животот на новинарите сериозно е доведно во прашање. Вербалните закани по живот, физичките напади од јавни личности и уништување на приватен имот на новинарите, ескалираше со брутaлен напад врз сопственикот на порталот Доказ, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Бараме веднаш да сопре насилството против новинарите и медиумските работници во спротивно насилниците ќе се охрабрат и ќе може да посегнат по нечиј живот, се вели во денешната реакција на Здружението на новинарите на Македонија.

Од ЗНМ велат дека се убедени дека овие напади се оркестрирани и имаат намера да создават страв и несигурност кај новинарите со цел да не ја критикуваат власта.

„За четири години ЗНМ има регистрирано над 20 закани и физички напади врз новинари, од кои речиси пола се случиле во првите шест месеци од оваа година, а насилнците досега не се казнети. Повеќе немаме никаква дилема дека институциите кумуваат со насилниците и одбиваат да ги казнат иако дел од тие напади се случуваат пред очите на јавноста. Потсетуваме дека власта има обврска да обезбеди безбеден амбиент за работа на новинарите и во ниеден случај не смеат да толерираат насилство. Јавно ги повикуваме највискоите државни функцинери, претседателот Ѓорге Иванов, спикерот на Собранието Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, веднаш да побараат од институциите да го спречат насилството против новинарите и напаѓачите да ги изведат пред лицето на правдата. Во спротивно, за евентуалните трагични последици нив ќе ги сметаме одговорни“, се наведува во соопштението.

Притоа се нагласува дека ќе се прати ургентно писмо до сите меѓународни организации во кои Македонија е полноправна членка, како што се Обединетите нации, Советот на Европа и Организацијата за безбедност и соработка во Европа, како и до Европската унија и Американската влада, кои ќе ги информираат дека во Македонија има политика на неказнување на насилство против новинари.

„Ако веднаш институциите не преземат мерки за расветлување на овие напади ќе бараме меѓународен мониторинг на полициските и судските истраги поврзани со насилство врз новинари. Ги повикуваме политичките партии да престанат да ги користат новинарите како топовско месо во нивните меѓусебни безскрупулозни пресметки за власт. Партиските штабови да престанат да шират говор на омраза против новинарите со што се таргетираат неистомислениците. Апелираме до колегите на поголема солидарност, заеднички да го осудат насилството и да се солидаризираме со новинарите жртвите на насилството. Потсетуваме дека мисијата на новинарите е да служат на јавниот интерес, а не да бидат гладијатори во партиските битки за власт“, нагласуваат од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР