Град Скопје: Oбјектот на плоштадот ВМРО е во наша надлежност

Од:

Град Скопје реагира на дел од ставовите и наведувањата на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, во врска со изградбата на објектот на плоштадот ВМРО, поточно на настрешницата на овој објект.

Сакаме да посочиме дека сите обвинувања на градоначалникот Жерновски се неосновани и паушални, во кои истиот покажува елементарно непознавање на законските прописи во Република Македонија.

Градот Скопје, по барање на ДГ Бетон АД Скопје за издавање на решение за изградба на настрешница во функција на објект со група на класа на намени Б-Комерцијални и деловни намени, со основна класа на намени Б4-Деловни дејности и Б5-Хотелски комплекси, издава решение за одобрување на барањето со број 15/13-2287 од 26.02.2015 година.

Град Скопје тврди дека целокупната постапка е во согласност со закон и во целосна надлежност на Град Скопје.

Ова барање е одобрено врз основа на член 73, став 1, алинеја 14 и член 74, став 1 од Законот за градење, а во врска со член 205, став 1 и член 209 од Законот за општа управна постапка.

Би сакале да го потсетиме градоначалникот Жерновски дека во овој случај не станува збор за урбана опрема, туку за настрешница на објект за која е издадено решение согласно законските прописи во Република Македонија.

Констатираме дека согласно законите не постои можност за заеднички увид на терен и воедно го повикуваме Жерновски да изврши увид во целата документација, а општинските инспектори да постапат согласно на законот.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот